matel
12 Sep, 2008
Ah taj kućni ljubimac !
Autor matel 10:29 | Permalink Permalink | Comments Komentari (0) | Trackback Trekbekovi (0) | Generalna
Провалиле во куќа поради папагал.

Полицијата во градот Трентон, американската сојузна држава Њу Џерси, провалила во една куќа, откако повеќе луѓе пријавиле дека од таму се слуша женски глас што бара помош.

Членовите на патролата прво тропнале на вратата, и иако никој не отворал, повиците за помош станале уште погласни.

Тогаш одлучиле да ја искршат вратата, но наместо исплашена и расплакана жена, глетката што ја очекувале, тие пронашле бел какаду.

Интересно е дека ова е втор ваков инцидент што го направил истиот папагал, стар 10 години.

Пред седум години тој со часови имитирал детско плачење, а во куќата тогаш провалиле социјални работници кои се грижат за заштита на правата на децата.

„Што да правам. Папагалот по цел ден гледа серии на телевизија и ги имитира актерите“, изјавил сопственикот на птицата.
Kalendar
« Septembar 2008 »
Po Ut Sr Če Pe Su Ne
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Pretraži
Najnovije...
Kategorije
Arhiva
Linkovi
Meni